Wednesday, May 14, 2014

МЕТОДИ НА СТЕРИЛИЗАЦИЈА



                                                                                                                                                                                                                                                                      Во методи на стерилизација се опфатени физичките методи и тоа: температура,  ултравиолетови зраци, јонизирачки зраци, осмотски притисок, сушење, филтрација.
1.    Температура – во процесот на стерилизација може да се користи како повишена или снижена температура. Кај повишената температура убивањето на м.о. е заради денатурација на нивните протеини, додека кај снижената температура доаѓа до забавување и престанување на сите метаболни процеси, а смрт настанува заради формирање на кристали од мраз во нивната цитоплазма.
£  Повишена температура (топлина): сува и влажна топлина.
- Сувата топлина опфаќа:
§  Стерилизација со пламен: спалување, жарење и обгорување.
§  Стерилизација со сува топлина: врел воздух во суви стерилизатори (160 С0 2h, 170 С0  1h, 180 С0  30 мин.)


£  Влажна топлина – ги убива м.о. побрзо од сувата топлина и опфаќа:
- Влажна топлина под 100 С0
§  Пастеризација – се пастеризираат млекото и соковите. Постои брз метод 71 С0 за 15 сек. и спор метод 60 С0 за 30 мин.
§  Тиндализација – се користи за стерилизација на крв, серум и др. супстанции кој содржат протеини кој не смеат да коагулираат.
- Влажна топлина од 100 С0
§  Вриење – се користи вода која врие на 100 С0 во време од најмалку 30 мин.
§  Пареа која струи – оваа стерилизација трае 30-60 мин. Се користи за стерилизација на бактериолошки хранилишта во кој има материи кој на повисока температура се оштетуваат.

- Влажна топлинина над 100 С0
§  Пареа под притисок (автоклав), под притисок пареата достигнува температура над 100 С0 и подлабоко продира до она што се стерилизира.




2.    Ултравиолетови зраци (кварцни ламби) – вршат стерилизација преку инхибиција на ДНК.
3.    Јонизирачки зраци – врши стерилизација преку деструкција на ДНК.
4.    Осмотски притисок – се користи за стерилизација со предизвикување на:
·         Плазмолиза
·         Плазмоптиза
5.    Сушење – сушењето овозможува стерилизација заради губење на вода од бактериите и нивна смрт.
6.    Филтрација – предизвикува физички процес на отстранување на м.о. од разни течности но не ги убива.
Контрола на работата на стерилизаторите
ü  Физичка конторла опфаќа:
- Контрола на температура во термометри
- Контрола на притисок во манометри
- Контрола со стичерови цевчиња
ü  Биолошка контрола се врши со спори на непатогени бактерии кој се резистентни на високи температури.

No comments:

Post a Comment