Wednesday, May 14, 2014

ОПШТО



           Стерилизација е процес на убивање или отстранување на сите живи микроорганизми и сите спори. За стерилизација се користат физички методи за кој често се неопходни скапи си сложени апарати. Со оваа постапка се стерилизираат хируршките инструменти, инјекционите лекови и интравенските инфузии. 

Дезинфекција е процес на убивање на патогени микроорганизми, а понекогаш и нивните спори. За дезинфекција се користат хемиски методи и хемиски средства при што не е потребна никаква апаратура. Со оваа постапка се дезинфицираат раборните површини и приборот, кожата, подот и сл.




Антисепса е постапка со која се спречува растот и размножувањето на микроорганизмите, со примена на хемиски средства (пр. јод, алкохол).

Асепса е поим со кој се означува една состојба во која нема живи  микроорганизми на медицински инструменти и завоен материјал. Асепсата се постигнува со физички средстав (пр. водена пареа, врел воздух).


Сепса е клинички синдром предизвикан од микроорганизми, проследен со висока температура, смалување на ткивна перфузија и цијаноза.

No comments:

Post a Comment