Во
методи на стерилизација се опфатени физичките методи и тоа: температура, ултравиолетови зраци, јонизирачки зраци,
осмотски притисок, сушење, филтрација.
1.
Температура – во процесот на стерилизација може да се користи како повишена или снижена
температура. Кај повишената температура убивањето на м.о. е заради денатурација
на нивните протеини, додека кај снижената температура доаѓа до забавување и
престанување на сите метаболни процеси, а смрт настанува заради формирање на кристали
од мраз во нивната цитоплазма.
£ Повишена
температура (топлина): сува
и влажна топлина.
- Сувата топлина опфаќа:
§ Стерилизација со пламен: спалување, жарење и обгорување.
§ Стерилизација со сува топлина: врел воздух во суви
стерилизатори (160 С0 2h, 170 С0 1h, 180 С0 30 мин.)
£ Влажна
топлина – ги убива м.о. побрзо
од сувата топлина и опфаќа:
- Влажна топлина под 100 С0
§ Пастеризација – се пастеризираат млекото и соковите.
Постои брз метод 71 С0 за 15 сек. и спор метод 60 С0 за
30 мин.
§ Тиндализација – се користи за стерилизација на крв, серум
и др. супстанции кој содржат протеини кој не смеат да коагулираат.
- Влажна топлина од 100 С0
§ Вриење – се користи вода која врие на 100 С0
во време од најмалку 30 мин.
§ Пареа која струи – оваа стерилизација трае 30-60 мин. Се
користи за стерилизација на бактериолошки хранилишта во кој има материи кој на
повисока температура се оштетуваат.
- Влажна топлинина над 100 С0
§ Пареа под притисок (автоклав), под притисок пареата
достигнува температура над 100 С0 и подлабоко продира до она што се
стерилизира.
2. Ултравиолетови
зраци (кварцни ламби) –
вршат стерилизација преку инхибиција на ДНК.
3. Јонизирачки
зраци – врши стерилизација
преку деструкција на ДНК.
4. Осмотски
притисок – се користи за стерилизација
со предизвикување на:
·
Плазмолиза
·
Плазмоптиза
5. Сушење – сушењето овозможува стерилизација заради губење на
вода од бактериите и нивна смрт.
6. Филтрација – предизвикува физички процес на отстранување на м.о. од
разни течности но не ги убива.
Контрола
на работата на стерилизаторите
ü Физичка конторла опфаќа:
- Контрола на
температура во термометри
- Контрола на притисок
во манометри
- Контрола со стичерови
цевчиња
ü Биолошка контрола се врши со спори на непатогени бактерии
кој се резистентни на високи температури.