Wednesday, May 14, 2014

ОПШТО



           Стерилизација е процес на убивање или отстранување на сите живи микроорганизми и сите спори. За стерилизација се користат физички методи за кој често се неопходни скапи си сложени апарати. Со оваа постапка се стерилизираат хируршките инструменти, инјекционите лекови и интравенските инфузии. 

Дезинфекција е процес на убивање на патогени микроорганизми, а понекогаш и нивните спори. За дезинфекција се користат хемиски методи и хемиски средства при што не е потребна никаква апаратура. Со оваа постапка се дезинфицираат раборните површини и приборот, кожата, подот и сл.




Антисепса е постапка со која се спречува растот и размножувањето на микроорганизмите, со примена на хемиски средства (пр. јод, алкохол).

Асепса е поим со кој се означува една состојба во која нема живи  микроорганизми на медицински инструменти и завоен материјал. Асепсата се постигнува со физички средстав (пр. водена пареа, врел воздух).


Сепса е клинички синдром предизвикан од микроорганизми, проследен со висока температура, смалување на ткивна перфузија и цијаноза.

МЕТОДИ НА СТЕРИЛИЗАЦИЈА



                                                                                                                                                                                                                                                                      Во методи на стерилизација се опфатени физичките методи и тоа: температура,  ултравиолетови зраци, јонизирачки зраци, осмотски притисок, сушење, филтрација.
1.    Температура – во процесот на стерилизација може да се користи како повишена или снижена температура. Кај повишената температура убивањето на м.о. е заради денатурација на нивните протеини, додека кај снижената температура доаѓа до забавување и престанување на сите метаболни процеси, а смрт настанува заради формирање на кристали од мраз во нивната цитоплазма.
£  Повишена температура (топлина): сува и влажна топлина.
- Сувата топлина опфаќа:
§  Стерилизација со пламен: спалување, жарење и обгорување.
§  Стерилизација со сува топлина: врел воздух во суви стерилизатори (160 С0 2h, 170 С0  1h, 180 С0  30 мин.)


£  Влажна топлина – ги убива м.о. побрзо од сувата топлина и опфаќа:
- Влажна топлина под 100 С0
§  Пастеризација – се пастеризираат млекото и соковите. Постои брз метод 71 С0 за 15 сек. и спор метод 60 С0 за 30 мин.
§  Тиндализација – се користи за стерилизација на крв, серум и др. супстанции кој содржат протеини кој не смеат да коагулираат.
- Влажна топлина од 100 С0
§  Вриење – се користи вода која врие на 100 С0 во време од најмалку 30 мин.
§  Пареа која струи – оваа стерилизација трае 30-60 мин. Се користи за стерилизација на бактериолошки хранилишта во кој има материи кој на повисока температура се оштетуваат.

- Влажна топлинина над 100 С0
§  Пареа под притисок (автоклав), под притисок пареата достигнува температура над 100 С0 и подлабоко продира до она што се стерилизира.




2.    Ултравиолетови зраци (кварцни ламби) – вршат стерилизација преку инхибиција на ДНК.
3.    Јонизирачки зраци – врши стерилизација преку деструкција на ДНК.
4.    Осмотски притисок – се користи за стерилизација со предизвикување на:
·         Плазмолиза
·         Плазмоптиза
5.    Сушење – сушењето овозможува стерилизација заради губење на вода од бактериите и нивна смрт.
6.    Филтрација – предизвикува физички процес на отстранување на м.о. од разни течности но не ги убива.
Контрола на работата на стерилизаторите
ü  Физичка конторла опфаќа:
- Контрола на температура во термометри
- Контрола на притисок во манометри
- Контрола со стичерови цевчиња
ü  Биолошка контрола се врши со спори на непатогени бактерии кој се резистентни на високи температури.

МЕТОДИ НА ДЕЗИНФЕКЦИ




         Во  методите на дезинфекција се опфатени разни хемиски методи и хемиски средства кој се нарекуваат Дезинфекциони средства.
Постојат 3 степени на ефикасност на дезинфекцијата:
A.   Висок степен
B.   Среден степен
C.   Низок степен
Дезинфициенсите делуваат преку:
o   Денатурирање на протеини
o   Промена на интегритетот  и функциите на клеточните обвивки
o   Комбинирање со протеини на ензимите на бактериите
o   Метаболитички или хемиски антагонизам
Идеален дезинфициенс не постои но тој треба да има колку може повеќе од следните дезинфициенси:
o   Да делува бактерицидно во мали концентрации
o   Ефикасно да ја намалува површинската напнатост
o   Да не е отровен за луѓе и животни
o   Да не го нагризува и оштетува тоа што се дезифицира
o   Лесно да се раствора во вода
o   Да е хомоген во растворот
o   Да е стабиле на температура, влага, светлина
o   Присуството на органски материи да не му ја намалува ефикасноста
o   Да не бои и одбојува
o   Да нема непријатен мирис
o   Лесно и едноставно да се употребува
o   Да е ефтин и лесно достапен
Меѓу најважните дезинфициенси спаѓаат:
o   Киселини – оцетна киселина
o   Бази – жив или негасен вар и варно млеко
o   Алкохоли – најсилно делува 70% етил алкохол
o   Детергенти – анјонски
o   Халогени елементи и нивни соединенија – хлор: хлорна вар
o   Соли на тешки метали и тешки метали – жива, сребро, бакар
o   Алдехиди – формалдехид - формалин
o   Бои – акридински